Прекрасни временски услови, весели детски ликови и позитивна енергија. Овие зборови се најсоодветни за опис на одбележувањето на 22ри април, Светскиот ден на планетата Земја, во ООУ,,Свети Климент Охридски“-Бутел.
Преку изработените ликовни творби и флаери со моќни пораки за воздухот
што го дишеме, водата
што ја пиеме и земјата 
од која расте нашата храна, учениците допринесоа за подигнување на свеста за одржување на здрава и чиста животна средина
.
Беа поттикнати едукативни активности надвор на отворено и беа презентирани сите начини на кој треба да се заштити животната средина.
Во активностите беа вклучени ученици од VII А, VII В, IX В, IX А, VIII Б заедно со нивните ментори -наставници Соња Шетловска и Санда Миева.




