Децата се нашето најголемо богатство, гордост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка , и да им се овозможат еднакви можности. Во теков на измината недела наставниците и учениците низ многубројни активности научија, споделија и реализираа содржини кои заеднички ни помогнаа да ги анализираме и да го потенцираме значењето на правата на секое дете.



