Денот на пролетта го одбележавме со низа активности спроведени од нашите ученици од одделенска настава. Нашите ученици од IV одделение со одделенската наставничка Маја Дрндаревска ги украсија паноата на нашето училиште со еколошки пораки и цртежи, додека пак бината на училиштето беше украсена од ученици од IV, V, VI и IX одделение, со помош на наставничката по техничко образование Оливера Костадинова.



