Активности за Денот на борба против дискриминација

„Да се сака човекот заради неговите добри особини не е никаква вештина. Но ние мораме да го сакаме и покрај неговите недостатоци“. Оваа инспиративна порака ни ја подготвија учениците од IX В одделение, кои под менторство на наставниците Катерина Николовска и Марија Димовска со декорирање на влезот на училиштето и разделување на изработки во форма на пеперутка кои содржат пораки го одбележаа Денот на борба против дискриминацијата.