Проект : Robotics Versus Bullying
Видео за прославување на Денот на училиштето

https://www.youtube.com/watch?v=kL51O_ujzW0&ab_channel=OUSVETIKLIMENTOHRIDSKIBUTEL И во услови на пандемија, покажавме дека и со дистанца, и од дома, и од училница може да БИДЕМЕ и да се РАДУВАМЕ заедно. Во еден миг бевме сите сплотени: И Министерката Мила Царовска и Градоначалникот Велимир Смилевски и вработените и сите ученици. Со мотото “И ЈАС СУМ КЛИМЕНТ” го даваме одговорот кои сме […]
„ Градиме мостови на пријателството“

„ Градиме мостови на пријателството“ , е проект кој допре до срцата на сите, а за кој нашиот одделенски наставник Мирослав Митиќ беше прогласен за Наставник амбасадор во Република Северна Македонија. https://psv.europole.org/…/%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be…/… Мотивираноста за да се постигнат добри цели, несебичното вложување, континуираната работа и труд, секогаш водат кон успешни резултати. Проектите на кои постојано работиме, […]
Први декември „ Светски ден во борба против сидата“

Светскиот ден на борба против СИДАТА првпат е одбележан во 1998-та година и е првиот глобален ден на здравјето. Учениците од деветто одделение под менторство на наставникот по биологија Лилјана Петковска, разговараа, споделуваа, учеа и изработија презентации и пораки за заеднички да ја разбудат свеста кај луѓето за надминување на стереотипите кон оваа болест.
Препораки за однесување на наставниците и учениците за време на настава од далечина
Прирачник за оператори со храна

Во прилог го поставуваме прирачникот за оператори со храна во училишните установи.
Неработен ден: 23ти октомври „ Ден на македонската револуционерна борба“

Почитувани родители, ученици и наставници, На ден 23ти октомври ( петок) се прославува државниот празник „ Ден на македонската револуционерна борба“ кој е воедно и неработен ден. Ви посакуваме убав празничен викенд, а со настава започнуваме во понеделник 26ти октомври.
Учество на настан организиран од НВО “Civica”

И покрај пандемиската криза, денес нашето училиште учествуваше на под покровителство на сопругата на Претседателот Елизабета Пендаровска, Министерката Мила Царовска и Амбасадорката на Швајцарија. Учествуваа членови на драмската секција со драматизација за меѓуврсничко насилство. Прекрасен настан со протоколи за заштита од највисок степен.
Активности за одбележување на „ Детска недела“

Децата се нашето најголемо богатство, гордост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка , и да им се овозможат еднакви можности. Во теков на измината недела наставниците и учениците низ многубројни активности научија, споделија и реализираа содржини кои заеднички ни помогнаа да ги анализираме […]
„11ти Октомври“- Државен празник

Почитувани родители и ученици, Ве известуваме дека понеделник ( 12ти октомври) е неработен ден, заради прославување на државниот празник „ 11ти Октомври“, односно Ден на востанието на Македонија, или Ден на народното востание на македонскиот народ. Востанието било започнато против фашизмот, и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Ова востание било важен […]