Кога младоста и мудроста се среќаваат, се раѓаат најубави приказни!
Денес во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Злокуќани“ беше остварена прекрасна средба реализирана од директорката Снежана Петреска и психологот Анета Сековска Ѓоргиоска која беше исполнета со разговори, насмевки и нови идеи.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка отворивме врата за заеднички работилници во кои младите и повозрасните ќе творат, ќе учат едни од други и ќе споделуваат радост.
Затоа што за убаво дружење, искрено пријателство и насмевки – годините не се важни!
ООУ „Свети Климент Охридски“ Бутел
ООУ „Свети Климент Охридски“
Бутел – Скопје „НАЈВАЖНО Е УЧЕНИЦИТЕ ДА СЕ НАУЧАТ ДА МИСЛАТ“