Пријави насилство

Законот за основното образование предвидува обврска на основните училишта да постапуваат во случаите на насилство над ученици/чки, да преземаат мерки за заштита на учениците жртви на настилство и да спроведуваат активности за превенција од насилство.

Превенцијата и заштитата од насилство над деца бара мултисекторски пристап и соработка меѓу релевантните сектори, како здравство, образование, социјална заштита, полиција и здружение на граѓани. Сите овие сектори имаат еднаква одговорност и треба активно да спроведуваат мерки за заштита и превенција од насилство.

Насилството над децата и меѓу децата е комплексен проблем, за чие решавање и соодветен одговор се неопходни стручни и сензитивни кадри во образованието.

Секој случај на насилство е посебен и бара различни мерки за заштита на жртвите и промена на однесувањето на сторителите, приспособени на специфичниот контекст во кој се случило насилството, потребите и карактеристиките на ѓртвата и на сторителот, особено кога сторителот е дете.

ООУ „Свети Климент Охридски“ има посебна е-маил адреса на која родителите и учениците можат да се обратат со цел пријавување на секаков вид насилство, покрај постоечките форми на комуникација со одделенски/класен раководител и стручна служба. Во прилог на овој сегмент од WEB страницата можете да спуштите и формулар кој може електронски да се пополни и да се прати на е-маил адресата, или да се испринта и достави до архивата на училиштето.

Формулар за пријава на насилство

Е-маил адреса за пријава: Klimentprijava@gmail.com

Упатство за постапка за пријавување заштита на ученик жртва од било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување

Правилник за начинот за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која форма на насилство, злоупотреба и занемарување

Интерен акт за пријава
1