
Нашето училиште е основано во 1973та година, и со гордост го носи името на овој просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски.
Климент Охридски бил најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј и продолжил да го надградува нивното дело и мисија. Окулу дваесетина години ги поминува во просветителската Моравска мисија за одбрана на словенскиот јазик.
Едно непроценливо создадено дело од Климент заедно со Наум е обработувањето, преобразбата и поедноставувањето на Глаголицата, така што ја создаваат новата азбука која во чест на нивниот учител Кирил ја нарекуваат Кирилица.
Во 886та година ја формира Охридската книжевна школа. Климент се почитува како покровител на јазикот и образованието. Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско просветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор бил на поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општо хриостијански светители.
8-ми Декември е неговиот патронен ден и од страна на нашето училиште со посебна програма се одбележува свечено. Започнува со полагање на цевќе пред споменикот на патронот во училишниот двор пред неговата биста, се организираат разновидни активности (рецитали, ликовни творби и сл.). Празнувањето се крунисува со свечена приредба кој ја подготвуваат учениците заедно со наставниот кадар на која се поканети гости од други училишта, од општината, градот, родители и ученици.


