Со особена гордост споделуваме дека нашите ученици од деветто одделение Иринеј Стојчевски, Дамјан Николовски и Матеј Савовски учествуваа на Училишната квизотека, одржана во ДКЦ „Карпош“, и освоија 1. место!
Со своето знаење, умешност, тимска работа и натпреварувачки дух, тие покажаа дека трудот, посветеноста и заедничката работа носат одлични резултати.
Честитки за учениците за заслужениот успех, како и за нивната менторка, наставничката по англиски јазик Маја Ристовска, за поддршката во подготовките.
ООУ „Свети Климент Охридски“ Бутел
ООУ „Свети Климент Охридски“
Бутел – Скопје „НАЈВАЖНО Е УЧЕНИЦИТЕ ДА СЕ НАУЧАТ ДА МИСЛАТ“