Во северниот дел од градот Скопје се наоѓа општина Бутел, а како централно училиште во неа е лоцирано ОOУ „Свети Климент Охридски“. Растежот на училиштето започнува во далечната 1949 година во една просторија во „Лозов расадник“ – Бутел.
За прв учител бил назначен г-динот Михајло Гугушевски кој работел комбинирано со една паралелка од I – IV одделение. Со зголемување на бројот на населението се појавила и потребата од проширување со уште една паралелка, во која бил вклучен учителот Чупоски.
Во 1955 година училиштето се сели во приватна куќа во Бутел 1 со учителката Ангелина Тагасова која станува и прв директор на училиштето. Во 1957 година месната заедница Бутел 1 гради две простории во населбата каде што училиштето ја продолжува својата работа.
По земјотресот во 1963 година во населбата се монтирани хангари каде што се формирани паралелки од I – VIII одделение.
Од 1971 година училиштето се вселува во денешната зграда, комплетно опремена за кабинетска настава.
На 1.8.2024 година советот на општина Бутел донесе одлука подрачното училиште да се затвори, а учениците да се префрлат во новоотвореното училиште ООУ „Визбегово“. Со оваа одлука училиштето останува да работи само со централната зграда во општината.


