Учество на Меѓународна Конференција под организација на NGO Friends of Education

На 17ти и 18ти септември 2022 година во Струга се одржа Меѓународна Едуконференција наменета за наставници, педагози, воспитувачи, дефектолози, психолози, советници, директори и останати стручни лица. На оваа конференција активно учество имаа нашите и ваши наставници, стручната служба на училиштето, министри за образование на земјите партнери во проектот како и претставници од 10 Европски земји.

Нашето училиште како амбасадор училиште ги презентираше нашите работилници со Роби, активности кои стануваат пракса и позитивен пример во темелите на четвртиот столб во воспитно-образовниот процес РОБОТИКА ВО НАСТАВАТА!!! Успешно спроведен проект во нашето училиште, Roby vs Bullying предводен од нашите и ваши пријатели на образованието Friends of Education. Наставникот амбасадор Мирослав Митиќ со голема поддршка и одлична соработка со колегите ја одржа работилницата “Кодирање и откривање емоции со Лино”.