Учество на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

На 23.11. 2024 година на Природно – математичкиот факултет – институтот по биологија се одржа манифестацијата „Ноември – месец на науката“ во кој учествуваа сите основни училишта од Македонија.

Учествуваше и нашето училиште со две теми:

1. Како се формира видот- како гледаме – биологија VIII одделение. Презентиран од учениците Мелани Петрова, Матеа Чолкова и Даниел Мазневски од VIII Б одделение.

2. Екскреторен систем или систем за излачување – биологија од VIII одд изработен од наставничката Љупка А. Таневска за кој и беше доделено трето место според рангирање од сите училишта во државата.

Учениците добија сертификати за учество.