Во рамките на проектот Мултиетничка Интеграција во Образованието (МИО), оваа недела се реализираа активности по повод Меѓународниот Ден на Бошњаците. Ученици од осмите одделенија спроведоа истражување за културата, традицијата и обичаите на Бошњаците по што изработија кратки текстови и цртежи, кои потоа беа поставени на училишните паноа.



