Селектирање на отпад и грижата за животната средина почнува од секој од нас, порачуваат учениците од ООУ„Свети Климент Охридски“ Бутел

Пролетта ја буди целата природа. Кај учениците од III Б и II A одделение при ООУ “Свети Климент Охридски”- Бутел, се разбуди свеста за здрава и чиста средина. Имено тие со своите одделенски наставници Мирослав Митиќ и Даниела Пижевска, одбележувајќи го ,,Денот на Екологијата”, го исчистија омиленото катче во нивното училиште. Ги собраа најразличните отпадоци и ги селектира во соодветни кутии за рециклирање.
Природата се буди, можности ни нуди. Да ја зачуваме да не ја загадуваме….

Носител на проектот е Мирослав Митиќ, одделенски наставник, во соработка со дел од колегите.
Поддржано од Friends of Education