Реализиран проект „Иницирај реализирај промени“

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ во соработка со општина Бутел реализираа проект на ниво на општина насловен „Иницирај реализирај промени“.

Проектот е изведен со грант добиен од Норвешкото кралство, а учествуваа претставници од ООУ „Свети Климент Охридски“, ООУ „Ацо Шопов“, ООУ „Панајот Гиновски“ и ООУ „Живко Брајковски“. На презентацијата се дискутираше за справување со елементарни непогоди.