Реализирана еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение

На 17.5.2024 година беше реализирана еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение во неколку градови во Источна Македонија. Целта на оваа екскурзија е совладување и проширување на знаењата, како и запознавање со културно-историските знаменитости во овој регион од нашата држава.

Во Пробиштип учениците го посетија музејот за ретки минерали, како и Домот на културата „Злетовски рудар“.

Во Злетово тие имаа можност да посетат грнчарска работилница и одблиску да се запознаат со процесот на изработка на разни предмети од глина.

Во Кратово тие посетија неколку знаменитости и научија неколку интересни факти за градот од локален водич.

Тие исто така реализираа и посета на локалната телевизија Протел каде што можеа да видат дел од опремата која ја користи телевизијата за реализација на програмата.