На 16.4.2025 година во нашето училиште се одржа Велигденски базар. Учествуваа сите ученици заедно со своите наставници.
Настанот го збогатија малите играорци со убави македонски ора и песни. На базарот присуствуваше и градоначалникот на нашата општина г-дин Дарко Костовски, како и други претставници од општината.



