На 31.10.2024 година се реализираше посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од страна на учениците од четврто одделение, придружени од нивните наставници.
При посетата, учениците имаа можност одблиску да видат како функционираат одредени инструменти кои се користат во управата, а ги проширија и своите знаења од областа на метеорологијата, временската прогноза и климата, содржини кои ги изучуваат по предметот природни науки.




