Учениците од IV одделение го посетија Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски. Тие имаа можност да присуствуваат на церемонијата за промена на државното знаме на платото пред Кабинетот.
Го проширија знаењето по историја и општество, разговараа со Претседателот Пендаровски за неговата работа, ги посетија просториите во кои се одвиваат официјални и работни средби, свечености, церемонии и прес-конференции.
Фотографиите се преземени од официјалната фeјсбук страница на претседателот.



