Посета на авторката Јадранка Клисарова и работилница со ученици од III одделение

„Едноставно посакувам, хармонизиран и подобар свет, свет на луѓе со добра волја, свет на пријатели помеѓу возрасните, пријатели помеѓу децата, но и пријатели помеѓу децата и возрасните.“ Ја цитираме авторката Јадранка Клисарова, автор на книгата „Децата од моето училиште“.

Учениците од III Б и III В одделение ја имаа честа денеска лично да се запознаат со авторката на нивната лектира. Имено таа се одзва на поканата на одделескитe наставници Маја Дрндаревска и Мирослав Митиќ и нѐ удостои со нејзиното присуство.

На учениците преку разговор им ја долови смислата на лектирата. Разговаравме за природата, детството, спомените, емоциите. Учениците ја збогатија дружбата со најразлични прашања, а гостинката со максимална посветеност и љубов која носи во себе им одговараше со задоволство.

Изразуваме огромна благодарност за оваа соработка и се надеваме дека ова е почеток на едно ново пријателство кое во иднина само ќе се продлабочува сѐ повеќе и повеќе.