Одбележан 5ти октомври, Светскиот ден на учителот

Денес во нашето училиште го одбележавме 5 октомври – Светскиот ден на учителот. По овој повод организиравме училишна претстава на која се стави акцент на улогата на наставникот како главна алка во општеството. На претставата присустваше градоначалникот на општина Бутел, г-дин Дарко Костовски, претставници од општината, како и наставници кои се во пензија.

Обраќање пред присутните имаше и директорката Снежана Петреска, која додели благодарница на одделенскиот наставник Оливера Божиновска за својот 40 годишен придонес во образованието и образовните процеси во нашето училиште. Нека ни е честит Светскиот ден на учителот!