Училишното ѕвоно го означи почетокот на првиот училишен ден за сите ученици. Денес во нашето училиште смело зачекорија и нашите првачиња. Беше подготвена кратка манифестација на која пред присутните се обратија Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и директорката на училиштето Снежана Петреска, кои посакаа успешен почеток на сите ученици. За сите првачиња беа подготвени и подароци од градоначалникот, анатомски ранци и училишен прибор.
Ученици, првачиња, бидете успешни, среќни и весели! Ви посакуваме успешна учебна година исполнета со насмевки, другарување и знаење!



