Изведба на едукативен партерен полигон

Учениците од подрачното училиште од Визбегово во пресрет на светскиот ден на учителите имаа работна активност заедно со нивните наставници. Тие изработија едукативен партерен полигон и истиот ќе го користат за изведување на едукативни вежби и други активности.