Го одбележуваме месецот за подигање на свест за Аутизам

По повод Месецот за подигање на свеста за аутизмот во нашето училиште беше спроведена работилница под мотото „Нека расте нашата свесност”, во која активно земаа учество учениците од III Б одделение заедно со одделенскиот наставник Елеонора Милошевска и образовниот асистент Јулија Ацевска. Тие ни испратија пораки за надеж.