Со својата храброст и личен пример, овој голем македонски син го будел духот за слобода на поробениот македонски народ, неговите чувства за самостоен живот, а со тоа ги продолжувал револуционерните традиции за национално и социјално ослободување. Затоа, неговото име станало светол симбол, легенда во натамошните борби на македонскиот народ за извојување на слобода на татковината, поради што народот го опеал во народните песни. За нашиот херој учениците од шесто до деветто одделение под менторство на наставникот по историја, Катерина Николовска, изработија презентација и ги издвоија најубавите мисли кои ги кажал Гоце Делчев.


