Безбеден интернет – Проект по Информатика и Музичко образование

По повод денот на побезбеден интернет кој е на 7 февруари секоја година, учениците од 7б изработија проект – PowerPoint презентација. Во проектот со музика е презентиран начинот како да се заштитиме на Интернет, а направивме и кратко истражување, каде што учествуваа 170 испитаници.

Анкетата се однесуваше на прашањата во врска со безбедноста на Интернет, колку се луѓето запознаени со оваа проблематика и што би сториле доколку се најдат во таква ситуација.

Во проектот учествуваа учениците Михаил Белински, Давид Димитров, Павел Милевски, Јована Киранџиска и Делфина Димишковска, а ментори им беа наставничката по информатика Нина Дуковска и наставничката по музичко образование Сузана Јовчева.

https://www.facebook.com/klimentohridskibutel/posts/pfbid0fuvY7EY4fmCFCD9DqDSZCLyZsJuMdstuHCEFXuJwErG9o9SuccSGSgqjhJfBiv9fl