УПИСИ во СЕПУГС ,,Арсени Јовков” Бутел – Скопје

Почитувани родители и ученици, Согласно програмата за професионално насочување на учениците од ООУ,,Свети Климент Охридски” Бутел – Скопје, во прилог Ве информираме за уписот на ученици во прва година, во новата учебна 2020/2021 година, во СЕПУГС ,,Арсени Јовков” Бутел – Скопје.

ПРЕДИЗВИК #15 – ПРОЛЕТ (изработки и победници)

Други ученици, секоја чест! Успешно ги реализиравте сите петнаесет предизвици. Се надеваме дека Ви беше интересно и дека сте задоволни со тоа што на креативен начин го пополнивте своето слободно време. Пофалба за сите ученици кои учествуваа во предизвиците со своите изработки. Победници на денешниот предизвик се изработките на учениците Давид Димитров 4б одд и […]

ПРЕДИЗВИК #15 – ПРОЛЕТ

Драги ученици, дали знаете кое годишно време доаѓа после зимата ? Се разбира, пролетта. Кога ќе го слушнеме зборот пролет прво помислуваме на сонце, цвеќиња, пеперутки, пчелки, птици… Вие треба да нацртате цртеж на кој ќе ја претставите пролетта, но цртежот мора да содржи некој од 16-те елементи прикажани на првата слика од галеријата најдолу. […]

ПРЕДИЗВИК #14 – МОДЕЛИРАЊЕ (изработки и победници)

Одлично ученици! Навистина ни испративте многу креативни изработки. Бидејки денес е Ден на Планетата Земја, а предизвикот беше да ни ја претставите Планетата и животните, како победници ги издвоивме Михаела Кирковска од 4в и Давид Стефановски од 1а oдд.Во продолжение погледнете ги сите изработки.

ПРЕДИЗВИК #14 – МОДЕЛИРАЊЕ

Ученици денес ќе се посветиме на моделирањето. За вашата изработка можете да користите пластелин, глина или тесто, но доколку дома ги немате овие работи, ние ќе ви дадеме еден рецепт за да си направите домашен пластелин. Доколку го правите домашниот пластелин ве молиме да побарате помош од родителите.Состојки2 чаши брашно2 чаши вода1 чаша сол1 лажица […]

ПРЕДИЗВИК #13 – ВИНОЖИТО (изработки и победник)

Ученици, успешно го реализиравте и овој предизвик. Од овој предизвик научивте нешто повеќе за тоа како настанува виножитото, а воедно и изработивте прекрасни виножита. Победник на денешниот предизвик е изработката на Даниел Исков 1одд. Во продолжение погледнете ги сите денешни изработки.

Гостување во “ТВ училница”

На 21.04.2020 во емисијата “ТВ училница” на МТВ, гостуваа нашите одделенските наставници Оливера Божиновска и Весна Ивановска и ги презентираа следниве наставни единици.1 одд. Нестандардни мерки за маса2 одд. Играта на Славчо и Славка3 одд. Оптичка илузија4 одд. Царот и обрачот приказна

ПРЕДИЗВИК #13 – ВИНОЖИТО

Драги ученици дали знаете што е божилак? Ако не го знаете одговорот на ова прашање, слушнете ја песничката на следниов линк и веднаш ќе Ви биде јасно што е божилак. Откако ја слушнавте песничката сигурно ви стана јасно дека божилак е виножито.Виножитото се нарекува и ѕуница, божило. Виножито, божилак, ѕуница или божило е оптички и […]

ПРЕДИЗВИК #12 – ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ (изработки и победници)

Браво ученици! Не се ни посомневавме дека ќе бидете и денес толку креативни и ќе направите совршени Велигденски јајца. Денес за победници ги избираме: Матеја Пешевска Ива Стојчевска Михаела Кирковска Теона Китановска Ви посакуваме на сите пријатен празничен викенд. Во продолжение погледнете ги сите денешни изработки.

ПРЕДИЗВИК #12 – ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ

Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја […]