Резултати од општински натпревар по природни науки

Објавени се конечните резултати од натпреварот по природни науки одржан на 27.2.2026 година во организација на Македонското Биолошко Друштво. Учениците од нашето училиште постигнаа одлични успеси и голем дел од нив остварија пласман на регионалниот натпревар. Честитки до сите ученици и нивните ментори!
Резултати од училишен натпревар по англиски јазик

На 16.2.2026 година се одржа училишниот натпревар по англиски јазик за ученици од V до IX одделение. Во прилог ги објавуваме постигнатите резултати. Честитки до сите учесници, како и за нивните ментори, наставниците по англиски јазик. Им посакуваме успех на учениците кои продолжуваат на општинскиот натпревар!
Резултати од општински натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија одржан на 13.2.2026 година учествуваа ученици од VII до IX одделение, притоа постигнувајки одлични резултати. Честитки до учениците и нивниот ментор, наставничката по биологија Љупка А. Таневска, им посакуваме одлични резултати и на регионалниот натпревар.
Резултати од општински натпревар по физика

На општинскиот натпревар по физика, кој се одржа на 6.2.2026 година во нашето училиште, учествуваа двајца ученици од осмо одделение кои беа под менторство на наставничката Јоана Искова. Тие ги постигнаа следните резултати: Матеј Савовски – 57 поени Иринеј Стојчевски – 40 поени. Учениците обезбедија пласман на регионалниот натпревар. Им честитаме и им посакуваме многу […]
Резултати од општински натпревар по математика
Почеток на второ полугодие за учебната 2025/26 година
Известување за почеток на учебната 2025/26та година
Известување за летни кампови и екскурзии
Резултати од државниот натпревар по биологија

На 31.5.2025 година се одржа државниот натпревар по биологија во просториите на Природно-математички факултет. Учествуваа ученици од VII и VIII одделение под менторство на предметниот наставник Љупка Ангеловска Таневска. Ученичката Ангела Јованчова од VIII одделение ја освои високата втора награда, додека пак останатите ученици се здобија со пофалници и сертификати за учество. Искажуваме честитки за […]
Интерен оглас за истакнат ученик на генерација за учебна 2024/25 година

Документацијата се доставува до архивата на училиштето, кај секретарот.