Почитувани,
Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2026/27 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Апликацијата можете да ја отворите директно на линкот подолу.
https://forms.office.com/r/KzMUkQMymY
Останати документи кои се потребни за упис на вашето прваче се:
– Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од ЈЗУ Здравствен дом;
– Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
– Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
– Извод на родените на детето (копија);
– Пријава за упис во учебната 2026/2027год. (формуларот можете да го најдете на горенаведениот линк):
– Лична карта од родител на увид;
– Оние кои имаат потреба од продолжен престој – потврди од работа (од двајцата родители).
– За деца со попреченост, потребно е родителот да достави проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост за дополнителна образовна поддршка.


