Одбележан светскиот ден на танцот

Во чест на Светскиот ден на танцот – 29ти април, на ден 28.4.2023 година беше одржана работилница со која ја славевме музиката и танцот како уметност која што со својата убавина ја облагородува човековата душа.

На оваа работилница работевме матурски танц во кој беа вклучени учениците од IX одделение. Учениците танцуваа на композиција во еден современ дух и модерен аранжман. На оваа работилница беше разработен и нашиот македонски традиционален ритам во 7/8 такт со преубаво изведено оро на композицијата „Македонско девојче“.

Истовремено, беа изработени и хамер-проекти со содржина за она што значи музика и танц, историјатот и огромното значење на музиката и танцот за развојот на децата и човековата свест воопшто. Ова беше реализирано во соработка со наставничката по македонски јазик, Татјана Цветковска.

Музиката како извор на емоција во човековата душа предизвика огромна радост и кај учениците од II одделение со што и тие спонтано со своите одделенски наставници ни се придружија на оваа работилница.

Наставници одговорни за реализација на работилницата:
Сузана Јовчева, наставник по музичко образование
Виолета Николовска, наставник по ФЗО
Јасмина Петрушевска, наставник по ФЗО