На 27-ми март 2020 год., на емисијата “ТВ Училница“ на МТВ гостуваа нашите одделенски наставници Оливера Божиновска и Маја Дрндаревска. Тие ги реализираа часовите од прво одделение со наставна единица од Општество, “Професии на луѓете“; за второ одделение од математика, наставна единица “Делење со и без остаток“ ; за трето одделение Македонски, наставна единица “Општи и сопствени именки“ ; за четврто одделение Математика, со наставна единица “Писмено делење, со и без остаток“ и за петто одделение Општество, со наставна единица “Културни институции“.











