Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја развиете креативноста и поврзување со децата.
Денес е предизвикот бр 10
Овој предизвик ќе го започнеме со еден тест КОЈ СУПЕРХЕРОЈ СИ ТИ? Отворете на следниов линк и решете го тестот за да дознаете кој суперхерој сте:
https://hashtag.mk/test-koj-superheroj-si-ti#
Суперхерој е измислен лик кој е познат по својата храброст. Сите суперхерои имаат костим и имаат моќ што не е својствена за обичните луѓе. Сите имаат омилен суперхероj и понекогаш сакаат да ја имаат моќта на својот омилен суперхерој.
Кога би имале можност на еден ден да бидете суперхерој, кој суперхерој би сакале да бидете? Каква моќ би сакале да имате?
Предизвикот за денес е да креирате лик и костим на ДРВЕНА ЛАЖИЦА на Ваш суперхерој ( измислен) или доколку немате дрвена лажица да го нацртате суперхеројот од својата фантазија како кој би сакале да бидете на еден ден.
За оваа активност ќе Ви бидат потребни дрвена лажица, темперни бои, костимот може да го направите со салфетки или од листови хартија, ножички, лепак.
На следниoв линк може да погледнете како да изработите суперхерој на дрвена лажица:
Ние ќе Ви предложиме да ги погледнете сликите кои ги има подолу во галеријата, за да добиете некои идеи за изработка на костим и лик на суперхерој на дрвена лажица.
Драги ученици, креирајте свој суперхерој, фотографирајте го и фотографијата испратете ни ја на facebook профилот на училиштето ООУ Св “Климент Oхридски” –Бутел во messenger, а ние ќе ја одбереме најкреативната изработка.
СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!






